Велосипедска парада во Кавадарци
Објавено на: 14.05.2015
Голема велосипедска парада се одржа денеска во Кавадарци, по повод светскиот месец на велосипедизмот, во организација на Сојузот на училишни спортови.
Околу 500 велосипедисти се движеа по неколку градски улици помеѓу кои најбројни беа учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“.
Целта е да се подигне јавната свест за значењето на возењето велосипед како здрав начин на живот. Истовремено, со оваа акција упатуваме апел да се намали употребата на автомобилите во секојдневниот живот, како превентива од загадување. Автомобилите да се користат само во неопходни случаеви, изјави Блаже Велков, координатор на проектот.
За учесниците во парадата беше обезбедена и богата лотарија спонзорирана од Сојузот и локални компании. За најсреќниот следуваше велосипед.