Велосипедска Парада


Објавено на: 25.09.2019

На ден 20.09.2019 (петок) по повод светскиот ден „Без Автомобили“ со почеток од 11 часот е одржана велосипедска парада, во која учествуваа учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Активноста траеше до 12 часот и беше обезбедувана и пратена од 2 полициски возила, како и амбулантно возило.

Активноста се одржа со возење од училишниот двор, низ улиците на градот, и повторно се заврши со враќање во училишниот двор.

Активноста традиционално се одржува 11 години по ред, во организација на активот по Спорт и спортски активности.

Учество земаа 142 ученици. Од прва до четврта година.