Велосипедска тура под мотото „Сите на велосипед“


Објавено на: 09.10.2012

Во рамките на спортските проектни активности под мотото „Сите на велосипед“, на 06.10.2012 година (сабота), масовно беше организирана велосипедска тура од Гимназијата до браната Моклиште и назад.

DSC05021

Учество земаа 130 ученици од I до IV година под менторство на професорите по спорт и спортски активности Блаже Велков и Илија Шиков. Велосипедската тура беше однапред најавена до надлежните органи, а претставници на ПС-ОН Кавадарци со свои возила ја следеа истата.

DSC05022

DSC05024

DSC05027