Видео конференција на час по програмски јазици


Објавено на: 23.04.2012

Професорите во нашата гимназија отсекогаш се грижеле на своите ученици да им го пренесат своето знаење преку интересни методи и техники. На 18 април 2012 година на час по програмски јазици, учениците од IV година – ПМА подрачје имаа можност да присуствуаат на несекојдневен час. Часот беше организиран од професорот по информатика Зоран Милевски на тој начин што новиот материјал за тој час беше подготвен заедно со наша бивша ученичка Верица Лазова – многу солиден студент во прва година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ФИНКИ. Таа не беше присутна во гимназијата, па преку видео конференција заедно со професорот се обиде да им го пренесе своето знаење за дадениот материјал на учениците и тие имаа можност да научат нешто повеќе и тоа на интересен начин.

Cas_programski_jazici_1

 

Ваквиот пристап и презентација на нови технологии пред учениците се покажа како интересна идеја, бидејќи на тој начин професорот по информатика Зоран Милевски успеа да привлече 100% внимание кај учениците, се успеа да се реализира час којшто беше многу продуктивен, а дополнително и учениците имаа можност директно да се запознаат со нивната идна колешка на факултет. Покрај тоа што новата наставна единица беше предадена и усвоена од страна на учениците, тие ја искористија оваа прилика и да ја прашаат нашата гостинка околу некои нејасни прашања за нивното идно запишување на факултет и насоките коишто се нудат и се најинтересни.

 

Cas_programski_jazici_2
Cas_programski_jazici_3
Cas_programski_jazici_4

Предадениот материјал за време на овој час, како и обично, се постави на системот за е-учење Moodle каде што учениците можат да пристапат, да го преземат и научат во целост.