Втора работилница од Еразмус+ проектот European DIGI-CLASS во Неапол, Италија


Објавено на: 17.06.2022

Италија. Во периодот од 06.-10.06.2022 г. СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учествуваше на работилницата која се одржа во Средното училиште ITIS Polo Tecnico Fermi-Gadda од Неапол, Италија и на неа учествуваа Директорката на училиштето Јасминка Чулева и Христинка Косовска, проф. по англиски јазик и ученичките Викторија Алексова, Миа Мајсторчева, Марија Чупаркоска и Зое Илина Мицев.  Покрај учесниците од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, присуствуваа и учесници од училиштата партнери во проектот Colegiul Tehnic Edmond Nicolau Focsani  од Фокшани, Романија, 15 Temmuz Sehitler Anadolu Lisesi  од Кастамону, Турција, Stredna priemyselna skola Povazska Bystrica, од Повашка Бистрица, Словачка и Budapesti Komplex Szakképzési Centrum Pogány Frigyes Szakgimnáziuma од Будимпешта, Унгарија.

Темата на работилницата беше „Да го претставиме нашето културно наследство преку зборови и слики“. За време на работилницaтa, учесниците ги претставија училиштата, градот и земјата од која доаѓаат, како и своите образовни системи, а исто така и презентираа презентации и видеа како примери за употребата на дигитални алатки за претставување на културното наследство на земјите партнер во проектот. Училиштето домаќин го претстави училиштето и условите за настава, а учесниците имаа можност да посетат часови.

Во делот за запознавање на Италијанската култура, учесниците имаа научни посети на Помпеа – археолошкиот локалитет и музеј на Помпеа, историскиот центар на Неапол, Катедралата на Неапол од 14 век, Катакомбите Сан Генаро, Соренто и др.

Еразмус+ проектот European DIGI-CLASS има цел партнерските училишта да ги подобрат технолошките компетенции на учениците и професорите и да развијат интерактивни извори кои ќе бидат подготвени со овој проект, со кои ќе се зголеми интересот и успехот на учениците. Во времетраењето на овој проект ќе се подготват интерактивни материјали за наставните предмети со користење на веб алатки кои активно ќе се применуваат на часовите.

Со овој проект се цели кон влијание кое ќе биде промена на ставот и подобри вештини за изработка на материјали за учење прилагодени на потребите на учениците и нивните желби. Потенцијалните долгорочни придобивки ќе бидат промена на ставот на учениците за учење, а професорите да избираат нови методи, да ги модернизираат своите предавања, па секое од шесте училишта партнери во овој прoект да стане пример за нивните заедници.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.