Втора работилница од Еразмус+ проектот HELP во Истанбул, Турција


Објавено на: 05.11.2019

Во периодот од 05.-10.05.2019 г. професори и ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учествуваа на втората работилница во Турција во рамките на Еразмус+ проектот Heritage Education Learning Program – HELP. Работилницата се одржа во Средното училиште Galatasaray Lisesi, во Истанбул, Турција и на неа учествуваа професори и ученици од училиштата партнери во проектот. Работилницата беше на тема – Историско наследство. На неа учествуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик и учениците Стефан Летников, Стефан Ефтимов, Андреј Пејовски, Спасијка Димова, Блаже Бањански, Кристина Ангеловска, Андреј Костов и Димитар Милков. Покрај нашите учесници, присуствуваа и учесници од училиштата партнери во проектот од Португалија (Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco, Vila Nova de Famalicão), Азорес (Escola Secundária da Ribeira Grande, Ribeira Grande – S. Miguel – Açores) и Турција (Galatasaray Lisesi).

За време на работилницата учесниците учествуваа во активности и работилници во училиштето Galatasaray Lisesi, но, имаа и наставно-научни посети и опсервации во текстилната фабрика YakarTekstil, Техничкиот Универзитет во Истанбул  (ITU  University Tekno-Park), Воениот Музеј во Истанбул, Аја Софија, Базиликата Цистерна, Сината џамија и др.

Во рамките на активностите учениците презентираа презентации подготвени при училишните активности во нашето училиште пред работилницата.

Професорите – учесници во проектот имаа состаноци на кои ги претставија досегашните резултати и производи од активностите на проектот во изминатиот период помеѓу двете работилници и ги испланираа следните активности во периодот до наредната средба.

Последниот ден од Еразмус+ работилницата во Истанбул, Турција, учесниците ги претставија своите резултати и продукти од активностите во текот на работиницата при што им беа врачени сертификати за успешно завршена обука.