Второ и трето место на државниот натпревар по географија
Објавено на: 15.04.2013
На 13 април во 10:30 часот во средното угостителско училиште Лазар Танев – Скопје, се одржа 34-иот државен натпревар по географија.
На натпреварот учестуваа 59 ученици од гимназиите и средните стручни училишта од земјата.
Првото место го освои ученик од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ со 96 поени, ученичката Маријана Јаневска од III-5 клас од нашето училиште со 95 поени го освои второто место, а ученичката Стефанија Таевска исто така од III-5 клас од нашето училиште со 94 поени го освои третото место.
Двете ученички беа под менторство на проф. по географија Валентина Димитрова.
Повеќе информации за натпреварот можете да погледнете на сајтот на институтот за географија при ПМФ, УКИМ – Скопје.