Вторпат одржан Клио-квиз на знаења од историја на македонскиот народ


Објавено на: 02.11.2016

На 05.05.2016 година во училишната кино-сала по вторпат се одржа квиз напревар од историја Клио, каде ученици од нашето училиште се натпреваруваа и ги покажаа знаењата од историјата на македонскиот народ. По одржаното тестирање во јануари 2016 година, тројца ученици кои покажаа најдобри резултати добија можност да се натпреваруваат на квизот и тоа Фросина Димкова I5, Ружди Ќесаси I5 и Ангел Ѓерѓев II7. Сите ученици покажаа одлично знаење од историјата на македонскиот народ, а наградата ја понесе ученичката од прва година Фросина Димкова.

13219668 10204667262361638 1106440708 n

 

За покажаното одличното знаење натпреварувачите беа наградени од училиштето со литература од областа на историјата. Квизот се реализира под менторство на професорката по историја Наташа Матакова, а во организацијата активно се вклучија и учениците Јован Коцев, Надица Туриманџова, Загорка Јованова, Кристина Костадинова, Илија Туриманџов и Трајче Јовков. За текот и објективноста на квизот се грижеше двочлена комисија составена од професорите по историја Горан Пановски и Мики Камчевски.

13236155 10204667262881651 407715327 n

Квиз натпреварот се состоеше од четири игри на знаење, а натпреварувачите одговараа на прашања од историјата на македонскиот народ. Во првата игра „Одбери го точниот одговор“ секој натпреварувач доби по 5 прашања со задача да го одберат точниот одговор од понудените четири можни точни одговори, во втората игра „Одговори точно“ натпреварувачите имаа задача да го кажат точниот одговор, во третата игра „Кој сум јас“ преку податоците кои ги добија натпреварувачите имаа задача да го откријат идентитетот на три личности од македонската историја, а четврата игра се состоеше од три асоцијации.

Преку одржувањето на КЛИО се зголеми натпреварувачкиот дух кај учениците и знаењата од историјата на македонскиот народ.

13236122 10204667260841600 1371204709 n 2

13228082 10204667260961603 1065210171 n