Со мјузиклот „Во ритамот на љубовта“ отворени XVII театарски средби во Крагуевац


Објавено на: 24.04.2013

Ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ деновиве престојуваа во Крагуевац на XVII по ред театарски средби на кои учество земаа дваесетина средни училишта од Р. Србија. Посебно бевме почестени со поканата да ги отвориме овие средби и на тој начин да ја продолжиме и интензивираме соработката со Прва Крагујевачка гимназија која е домаќин на оваа престижна манифестација.

DSC 0503

Покрај топлиот прием, запознавањето со историското минато на Крагуевац, учениците беа воодушевени од професионалниот пристап во организацијата, но и од театарските претстави кои ги следеа во периодот во кој престојуваа. Салата на Крагујевачкиот театар, кој е најстар на Балканот, беше претесна да ги прими сите ученици, професори на свеченото отворање, а токму тоа беше и инспирација за актерите во мјузиклот „Во ритамот на љубовта“ да се покажат во најдобро можно светло, да ја дигнат публиката на нозе, да зрачат со младоста и позитивната енергија.

DSC 0542

Театарските смотри ги отвори директорката на Прва Крагујевачка гимназија, Славица Марковиќ, а на присутните гости им се обрати Невенка Поп-Ангелова, директор на гимназијата „Добри Даскалов“ и се заблагодари за укажаната чест да ја отвориме оваа манифестација во организација на Прва Крагијевачка гимназија во која се школувале многу македонски револуционери и истакнати културни и научни работници.

15183 251166498362287 1754119024 n

За интензивирање на соработката беше потпишан и меморандум за мултилатерална соработка помеѓу директорите на гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Невенка Поп-Ангелова, „Прва Крагујевачка гимназија“, Славица Марковиќ и „Михајло Петровиќ – Алас“ Углевиќ, Драгана Томиќ. На потпишувањето присуствуваше м-р Илија Тренчев, кој со нескриено задоволство ја поздрави оваа иницијатива за проширување на соработката и размена на искуства кои позитивно ќе влијаат на образовниот процес.

DSC 0508

DSC 0607

DSC 0562