XXVI државен натпревар по македонски јазик и литература

И оваа година Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература (СДМЈЛ) продолжи со својата традиција на организирање натпревари во месец мај, месец на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.На 10.05.2014 година беше одржан XXVI државен натпревар по македонски јазик и литература во СОУ ”Методи Митевски – Брицо” во Делчево. Нашето училиште го претставуваше ученикот од III-2 година, Горан Митров, кој под менторство на професорот по македонски јазик и литература Катица Манева успеа да го освои II место со освоени 94 поени.10465545 539095009536133 849257620 o

Во склоп на овие натпревари влегува и наградниот конкурс за есеј “Ацо Караманов” исто така организиран од страна на СДМЈЛ во соработка со општина Радовиш. На овој конкурс се одбираа најдобрите есеи на две теми и тоа: “2 август 1944 – нова страница во историјата на македонскиот јазик” од областа на јазикот и “Поетското творештво на Ацо Караманов – вечен завет на една нерасцутена младост” од областа на литературата.IMG 4856

Гимназијата “Добри Даскалов” на овој натпревар ја претставуваа двајца натпреварувачи: Антоанета Окардова од III-3 со есеј на темата за литература и Горан Митров III-2 со есеј на темата за јазик, под менторство на професорката Катица Манева. Ученикот Горан Митров исто така се здоби со уште освоена награда, III место на овој натпревар.Наградите за натпреварот по знаење како и за конкурсот за есеј свечено беа доделени на 30.05.2014 година во просториите на гимназијата “Јосип Броз – Тито” – Скопје. На учениците и на менторот им посакуваме уште многу награди во понатамошниот живот.IMG 4860