Заедничка работилница на учениците од кавадаречката и крушевската гимназија на тема „Грозјето, виното, животот“


Објавено на: 12.09.2012

Кавадаречкиот гроздобер е културно-стопанска манифестација која има долгогодишна традиција. Кавадарци живее и празнува во месец септември, прославувајќи го и 7ми септември – денот на ослободувањето, како и 8ми септември – Денот на независноста на Р. Македонија. Градот подготвен е и преполн со посетители од нашата земја и многу други земји. Нашето училиште како едно од најрепрезентативните училишта во градот и Републиката вклучено е во одбележувањето на празниците и организацијата на оваа манифестација.

Rabotilnica_za_pisuvanje_esej_1 Учениците и вработените се покажаа како одлични домаќини на многуте делегации кои пристигнаа во градот, особено оние со кои имаме остварено контакти и започнато соработка.

Rabotilnica_za_pisuvanje_esej_2

Учениците од крушевската гимназија заедно со дел од нивните професори беа наши гости и дел од заедничката работилница за пишување есеј на актуелна тема „Грозјето, виното, животот“.

Rabotilnica_za_pisuvanje_esej_3

Покрај богатата програма на гроздоберот, 19 ученици од двете гимназии 2 часа поминаа во пишување, а потоа најдобрите беа наградени со дипломи и пригодни награди.

Rabotilnica_za_pisuvanje_esej_4

Целта на посетата беше постигната со остварувањето на нови контакти меѓу учениците, создавање нови пријателства, заеднички дружења, посета на изложби, концерти и журки до доцна во ноќта.