Заштеда на енергијата во училиштето


Објавено на: 05.02.2012

За состојбата на зградите под општинска капа и потрошувачката на енергија од различните енергенси и извори, направена е програмата за енергетска ефикасност којашто се инплементира во неколку училишта во нашата општина.

Нашето училиште успешно се вклучи во овој проект, па како резултат на ова во изминатиов период се презедоа неколку градежни зафати, со цел да се заштеди и да се намали потрошувачката на енергијата и да се запре прекумерното трошење.

Zasteda_na_energija_1

Со овој проект се направија контроли на сите инсталации за греење, пумпите за греење и снабдување со вода, прозорците и вратите, проверка на изолацијата на фасадите, како и на осветлувањето, по што следеше нивно поправање, менување, реконструирање.

Zasteda_na_energija_2

 

Zasteda_na_energija_3Поконкретно, направена е делумна реконструкција на изолацијата, со изолација на покривот. Поставена е топлинска изолација од тврди табли од стаклена волна со дебелина д=8 cm, на постоечката хоризонтална конструкција на дрвената греда. Монтирани се нови PVC прозорци (5-коморен профил) и врати. Од големо значење е и работата врз системот за централно греење, со монтирање на термостатски вентили со систем на контрола на топлинските станици и регулирање на режимот за нивна работа, со што ќе се штеди енергијата во работно време, но и надвор од работно време за викендите, празниците и сл. Променети се и светилките во ходниците.

Со спроведување на мерките за енергетска ефикасност очекуваме висок процент на заштеда на енергија.

Zasteda_na_energija_4