На 29.10.2014 година во Домот на културата ”Иван Мазов- Климе” се одржа завршната манифестација од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
На почетокот присутните ги поздрави директорката на гимназијата Невенка Поп- Ангелова и градоначалникот Александар Панов, а за методологијата и текот на проектот зборуваа Џевахире Пруси Зајази, представник од УСАИД и Кочо Кочов и Јасминка Ризова, училишни координатори на проектот. По дванаесетте креативни и дваесетте уметнички работилници, заедно со актерите Горан Илиќ и Кети Дончевска- Илиќ, учениците подготвија театарска представа “Шекспир пред врата”која ја воодушеви публиката од ученици од гимназијата и останатите средни училишта во градот. Виолета Симјановска, директор на Мултимедија- партнер организација на УСАИД на учениците им додели сертификати, а по малиот коктел следуваше работилница за Форум театар, во кој учениците активно учествуваа во разрешување на конфликти.
Со овој настан целосно се заокружи проектот во кој учениците активно работеа и отворено разговараа за сличностите и разликите меѓу културите, но и за предрасудите и стереотипите кои навистина постојат. Секако, наша цел е нивно намалување и меѓусебно почитување.
Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк