Здружение на просветните работници


Објавено на: 01.06.2014

Во чест на празникот на Словенските просветители, на 23 мај(петок), СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ беше местото каде што се основа Здружение на просветните работници.

Еден дамнешен сон на професорите во пензија, проф.Глигор Сиваков и проф.Блаже Јованов се оствари со голема поддршка од директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова. Директорката ги поздрави присутните и на сите просветни работници им посака успешна работа, не криејќи ја радоста за здружението кое треба да биде место на кое просветните работници како водачи кон нови хоризонти ќе разменуваат идеи, ќе дискутираат за својата работа со една цел-достоинствено воспитување и образување на многу млади генерации.

Прв претседател на Здружението е Јанушка Милкова,директор на ООУ„Димката А.Габерот“-Ваташа. Претседателката ги поздрави присутните, говореше за целите на ова здружение истакнувајќи дека здружението ќе биде поттик за сите просветни работници кои вредно ја вршат својата професија.

Присутните истакнаа дека задоволството е обострано и дека за поздравување е остварувањето на една идеја која сигурно ќе донесе подобра соработка меѓу просветните работници, нивно мотивирање за поуспешна и поквалитетна работа.

Здружението на просветни работници на Кавадарци и Росоман е само еден пример како се работи професија која се сака, се почитува и се надградува.