Златна плакета за СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ на Годишното собрание на МАССУМ

Годишното собрание на МАССУМ се одржа на 18 и 19 септември 2025 година во хотел „Фени” – Кавадарци. На истото, учество земаа сите координатори на Локалните младински организации (ЛМО) при средните стручни училишта од Република Северна Македонија. Претставник од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци беше проф. Лоска Давчева, координатор на ЛМО при Гимназијата. Собранието го водеше претседателот на УО на МАССУМ, Благојче Ѓорчевски. На истото, беа анализирани резултатите од образовната манифестација „Образовно рандеву 2025”, реализирана на 24 и 25 април 2025 година, а чиј домаќин беше СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци. Впечатоците на сите присутни членови на Годишното собрание беа дека одржаната 20 јубилејна образовна манифестација, на која учество земаа 44 средни стручни училишта, 1480 ученици и 648 наставници-ментори, беше успешно организирана, а планираните цели беа остварени. За одличната организација на „Образовно рандеву 2025”, СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, на чело со директорот, М-р Зоран Милевски, доби златна плакета.

Чест ни беше што бевме добри домаќини! До нови успеси!