Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Реализирана завршна екскурзија за учениците од трета година PDF Печати Е-пошта
четврток, 01 јуни 2017 23:18

Оваа екскурзија беше предвидена во годишната програма на СОУ Гимназија „Добри Даскалов”од Кавадарци во учебната 2016/2017 година.

Екскурзијата беше организирана согласно Правилникот за организирање на ученички ексурзии од страна на Министерството за Образование и Наука на Република Македонија на релација Кавадарци-Будимпешта-Прага-Дрезден-Салцбург-Виена –Кавадарци.

Вкупно 209 ученика и 7 класни раководители во периодот од 06.05.2017 (сабота) до 12.05.2017 (петок) поминаа неколку незаборавни денови на дружење воодушевувајќи им се на архитектонските градби, културното наследство и природата на следниве земји од Средна Европа: Унгарија, Чешка, Германија и Австрија.

Во аранжманот беа предвидени 4 ноќевања (Будимпешта-1,Прага-2,Виена-1).

Photo 5-12-17 12 44 16 PM 2

Повеќе...
 
9 мај - Денот на Европа PDF Печати Е-пошта
среда, 17 мај 2017 09:45

На 9 мај по повод Денот на Европа во Домот на културата нашите ученици настапија со интересен перформанс со традиционални детски игри како што се: ластика, долга магарица, анина јанина, бзз, скокање на јаже и др., а на крајот го завршија со заедничка композиција Макарена под менторство на проф. Блаже Велков. Сите присутни во салата беа пријатно воодушевени од интересниот настап на нашите ученици.

Последно освежено на среда, 17 мај 2017 20:28
 
Одржан Државен натпревар во атлетика PDF Печати Е-пошта
среда, 17 мај 2017 09:41

На 5.5.2017 год. во Скопје се одржа Државниот натпревар во атлетика во кој четвроица наши ученици земаа учество под менторство на проф. по спорт и спортски активности Блаже Велков. Ученикот Ѓорѓи Илов III-3 убедливо го освои првото место во фрлање на ѓуле. Надица Петрева I-1 освои трето место во скок во височина.

18553763 1433688206709832 620211178 o

Повеќе...
 
Млади репортери за животната средина PDF Печати Е-пошта
недела, 07 мај 2017 22:41

И оваа година се одржа Интернационалниот натпревар од програмата ,,Млади репортери за животната средина" кој траеше од 15-21.04.2017 година. Програмата Млади репортери за животната средина е интернационална програма на Светската фондација за еколошка едукација (ФЕЕ), која во Македонија е спроведувана од страна на Здружението за едукација комуникација и консалтинг ОХО како дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

Учениците се натпреваруваа во три категории и тоа: новинарска статија, фотографија и видео снимка (клип). На натпреварот учествуваа 26 училишта од нашата Република, а во понатамошниот натпревар на Интернационално ниво ќе се натпреваруваат само прво пласираните.

Нашите ученици од Гимназијата ,,Добри Даскалов" под менторство на професор Богде Коцева, учествуваа само во категоријата за фотографија и тоа со 7 фотографии и постигнаа одличен успех: Нела Ќимовска од I-2 Втора награда, третата награда ја делат Анастасија Иловска од I-2, Кристина Станоева од I-3 и Ангела Димитрова од I-3 клас.

Други учесници во оваа програма беа: Мартин Коцев од I-3, Иван Милков од I-3, Ана Илова од I-2 и Моника Митрова од I-2 клас.

На сите ученици им се заблагодаруваме за нивното учество и активност во оваа програма и им пожелуваме уште подобри резултати во иднина, а на наградените им го честитаме успехот.

Последно освежено на недела, 07 мај 2017 22:51
 
Гимназијалците освоија светски признати Microsoft Office Specialist сертификати PDF Печати Е-пошта
среда, 26 април 2017 19:49

Ученици од гимназијата Добри Даскалов оваа година земаа учество на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо признание.

Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се оддржува 14 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се оддржи во Дизниленд, Лос Анџелес, Калифорнија.

Photo 4-26-17 3 20 48 PM 1

Од нашето училиште под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, учествуваа учениците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Трајче Белевски III-4, Борис Мишов III-4, Славе Темков IV-3 и Борис Станоев IV-3. Овие ученици полагаа квалификациски натпревар и успешно го положија со што добија можност бесплатно да се натпреваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат.

На 26 април 2017 во просториите на Certiport и Semos едукација во Скопје учениците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Славе Темков IV-3 и Борис Станоев IV-3 постигнаа одлични резултати и се стекнаа со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат. Со тоа добија можност да влезат помеѓу 30-те најдобри во Македонија.

Photo 4-26-17 3 17 09 PM

Последно освежено на среда, 26 април 2017 20:11
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 4 од 93

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Пофалби и поплаки - Дете правобранител

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер