Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Продолжува соработката на нашата гимназија со гимназијата Curt Nicolin од Шведска PDF Печати Е-пошта
понеделник, 03 април 2017 16:23

Гимназијата Добри Даскалов успешно ја продолжува започнатата соработка со училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска. Професори и ученици од Curt Nicolin Gymnasiet (cng.se) повторно ја посетија Гимназијата Добри Даскалов каде што директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова им посака добредојде и убав престој во нашето училиште и нашиот град.

Оваа недела ученици и професори од Curt Nicolin Gymnasiet ќе престојуваат во Кавадарци и ќе бидат гости на нашето училиште. Со оваа мобилност учесниците ќе разменат искуства, знаења, ќе се стекнат со нови вештини, ќе комуницираат меѓусебно и ќе работат на заеднички дефинирани активности.

Една од активностите кои што заеднички ја реализираа учениците од двете училишта во градскиот парк во Кавадарци е запознавање преку претставување на традиционални шведски игри.

Photo 4-3-17 11 35 16 AM

Photo 4-3-17 12 35 46 PM

Последно освежено на понеделник, 03 април 2017 16:30
Повеќе...
 
Учество на наши ученици на Државниот натпревар по информатика PDF Печати Е-пошта
понеделник, 03 април 2017 14:54

На 1 април 2017 година во организација на Здружението на информатичарите на Македонија во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа XXVIII Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија. На натпреварот учествува вкупно 100 учесници од кои четворица најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.

Настанот го отвори претседателот на ЗИМ проф. д-р Миле Јованов кој што истакна дека во последните неколку години конкуренцијата на овие натпревари по информатика е се поголема и за тоа дека натпреварувачите успешно ја претставуваат нашата земја на интернационалните натпревари.

Од нашето училиште на Државниот натпревар според освоените поени од претходните натпревари беа поканети да учествуваат двајца ученици Славе Темков IV-3 клас и Јордан Мицковски IV-3 клас, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Во рамките на натпреварот се организира и работилница на тема „Новости во форматот на натпреварите од 2018“, презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ и предавање на тема „Designing Solutions for the Future  / Решенија со прозорец кон иднината“.

17620194 1337150019666607 3523089914692929605 o

IMG 0448

Последно освежено на понеделник, 03 април 2017 18:56
Повеќе...
 
Ученици од гимназијата во посета на модна конфекција во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
понеделник, 03 април 2017 14:48

Учениците од четврта година од Гимназијата Добри Даскалов од Кавадарци кои ги следат предавањата по предметите Економија и Економија изборен кои се предавани од професорката Жанета Делова, беа во посета на Модната конфекција СОНИТЕКС ДООЕЛ Кавадарци, на ден 22.02.2017.

Оваа конфекција е со богата историска традиција. Најпрво била позната под името Кавадарка, која произведувала детска облека. Потоа преминала во Југотекс која произведувала облека за југословенскиот пазар. Денес оваа компанија веќе 11 години е во приватна сопственост. Компанијата произведува по нарачка за купувачи од странство, од Европа, но претходно произведувала производи и за американскиот пазар. Купувачите сами си ги носат материјалите, репроматеријалите претежно од Турција и Италија.

Оваа конфекција располага со стручен кадар, квалитетна работна сила, која е обучена да произведе квалитетна облека по шаблон од страна на дизајнерите кои сам си ги одбира купувачот.

17632216 10210794730082200 6170120465730734957 o

17636920 10210794731002223 4226763746194248073 o

Последно освежено на понеделник, 03 април 2017 14:54
Повеќе...
 
Ученици од гимназијата во посета на полициската станица - Кавадарци PDF Печати Е-пошта
четврток, 30 март 2017 18:48

На 30.03.2017 год. ученици од III година од Гимназијата Добри Даскалов во рамките на активностите по предметот Географија - изборен предмет кај проф. Фердинанд Чејков, беа во посета на полициската станица во Кавадарци. Учениците во оваа тематска целина изучуваат и за терцијарните дејности во кое и припаѓа и сообракајот. На овој час самите ученици беа запознати со проблемите на зголемен број на возила, аеро загадување, употреба на сигурносен појас, важноста да не разговараме по мобилен телефон додека возиме, за тоа дека е строго забрането конзумирање на алкохол и сл. Голема благодарност до ПС - Кавадарци.

0-02-04-ef3c4fac8e367b03e0da42c6beab6c4d77cef0471753f2f1a935d167d7eae5e9 full

Повеќе...
 
Одбележани денот на екологијата и денот на пролетта PDF Печати Е-пошта
среда, 22 март 2017 16:18

На 21 март 2017 год. се одбележаа денот на екологијата и денот на пролетта. Покрај тоа што денот беше работен и наставен ден, дел од учениците и професорите изготвија еко изложба со еко пораки, цртежи и хамери. Во подготовките учествуваа учениците се со цел да се подигне свеста за заштитата на животната средина и да се одбележи денот на пролетта.

Одбележувајќи го овој ден учениците спроведоа и активности како: фарбање на училишната метална ограда, чистење и средување на кабинетот по биологија и училишниот двор.

Photo 3-22-17 4 12 30 PM

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 96

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер