Активности на членовите на Италијанскиот клуб во учебната 2011/2012


Објавено на: 07.06.2012

Членовите на овој клуб го следеа курсот по италијански јазик со професорката Данче  Мургова во текот на учебната година .

Годинава тие повторно учествуваа на годишното собрание ,второ по ред, што се одржа во Скопје на 24 април во МКЦ.Овој пат учениците од училиштата членови на Мрежата од цела Македонија се претставија со прекрасни музичко-сценски изведби на тема мир , толеранција , почит , ненасилство.

Italijanski_klub_1 Годишното Собрание (Stage meeting) на сите земји членки се одржа во Падова(Италија) на 07.05.2012 во театарот Geox.

Italijanski_klub_2

Групата од Македонија составена од претставници од сите училишта-членови на Мрежата (меѓу кои и Ивана Настова од трета година од нашето училиште) ,беше наградена за својот настап .Учениците беа сместени во семејства и го искористија еднонеделниот престој да ги посетат Тревизо,Падова и Венеција.

Italijanski_klub_3   Italijanski_klub_4