Во периодот од август 2020 до мај 2021 година нашето училиште беше дел од проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“ реализиран од невладината организација Мировна акција и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ). На ниво на држава во проектот беа опфатени повеќе средни и основни училишта.
Во рамките на проектот беа резлизирани повеќе дијалошки средби помеѓу наставници по историја, а како финален производ беше реализирана онлајн активност со наслов „Политика е женски род“ во која учествуваа ученици од нашето училиште, ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово и СУ „Др. Пане Караѓозов“ од Скопје, од мешан етнички состав. Од нашето училиште на работилницата учествуваа учениците Росана Камчева, Александра Минева и Даниела Ризова од трета година под менторство на професорката по историја Наташа Матакова.