Денови на образование – 70 години СОУ Гимназија „Добри Даскалов“


Објавено на: 12.11.2015

Секој човек има свој сон. Се бори, го живее сонот, ја исполнува својата мисија. Билбордите кои го красат градот говорат за нашиот, заеднички , голем сон. Насмеани лица, награди, признанија зад кои стојат многу работа, труд, знаења, генерации…. Сите ние, кои во овие 70 години поминуваме низ заедничкиот дом, сведоци сме на големата задача: како да се воспитуваат и образуваат младите, како да се научат да го препознаваат доброто, убавото и вистинското.

Кај граѓаните кои застануваат и со погледот се свртуваат кон билбордот на кој со големи букви пишува 70 години СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се будат спомени од најубавите средношколски години, од училиштето во кое влегоа како деца, а излегоа како зрели и изградени личности со многу знаења, ставови за животот и соништа. Тие денес со отворени очи ги живеат своите соништа како успешни луѓе и секогаш со насмевка зборуваат за својот заеднички дом. Дедо со внукот за рака ја раскажува својата приказна, за едно време, убаво, најубаво во животот. Раскажува за спомените кои не бледеат и за желбата и неговите потомци да го поминат тој пат, да зачекорат во светот на науката, исполнителноста, креативноста и успешноста. Да ја сочуваат традицијата како нешто свето, како жив оган да ја пренесат низ времето.

image-240d84b042ca0d831758d78e205e283d7c128b947a4ac9c0bc4475fe5d158850-V

image-cb8ff70aa755459f11ca0147fd9a5cecf494f93e653dcad7f67b2dbd8b672db8-V

Години поминати, но не и заборавени. Сите кои зачекориле во гимназијата како ученици или професори оставиле свој белег, дале свој печат на едно време дамнешно или сегашно. Сведоци се наградите по ходниците, по кабинетите, благодарноста во срцата. Горди сме што сме дел од успешната приказна на едно реномирано училиште кое е водечко во регионот и пошироко. Во знак на одбележување на 70 години образование и работа на гимназијата во текот на целата година ќе се одвиваат активности во кои ќе бидат вклучени сите активи во училиштето. Многу трудољубивост,работа, сестраност во инспирациите каде секој ученик може да ги покаже своите афинитети и дарба. Затоа Ве повикуваме оваа година заеднички да го одбележиме јубилејот, да му оддадеме достојна почит на училиштето кое даде свој придонес во нашето воспитание и образование и сите заедно да ги проследиме активностите кои ќе се реализираат.

„Народот се бори за својата слобода, што ја сонува со векови…“(Добри Даскалов). Ние се изборивме за нашиот сон и слобода-70 години СОУ Гимназија„Добри Даскалов“, 70 години успешна приказна која продолжува да се пишува.

Во знак на одбележување на 70 години образование и работа на гимназијата се организираат Денови на образование и кариера ПРОГРАМА