Успешно реализирана по 9-ти пат Интеркултурна рамена во Троген, Швајцарија


Објавено на: 26.12.2018

Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци, во периодот од 04.12.2018 до 19.12.2018 година, уште еднаш ученици од нашето училиште учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

На оваа 9-та по ред размена на наши ученици во Швајцарија учествуваа ученици од втора, трета и четврта година и тоа: Вероника Каровска, Драган Андреевски, Ѓорѓи Ѓиков, Иван Јосифов, Мартин Коцев, Марија Ристова, Марија Глигорова и Пане Досев и супервизор проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Photo 12-10-18 19 09 09

Photo 12-25-18 15 29 36

Размената беше со група ученици од Молдавија, кадешто преку игри, пораки, проекти и работилници беа изучувани правата на децата, антидискриминацијата, родовата еднаквост и идентитетот.

За време на викендите се реализираа екскурзии низ Швајцарија, каде што до израз доаѓаа дружењата и пријателствата со ученици од различна етничка структура.

Преку оваа размена децата ќе имаат можности да ги пренесат своите знаења на своите соученици, бидејќи во рамките на проектот планирани се четири работилници за десиминација на активностите и наученото од Швајцарија во училиштето и вклучување на повеќе ученици.

Photo 12-7-18 16 42 43

Photo 12-7-18 16 44 20

Photo 12-25-18 15 29 40

Photo 12-5-18 15 08 37

Photo 12-15-18 10 22 59