Mарт – месец на борба против изостаноци
Објавено на: 01.03.2010
Училишната заедница на гимназијата заедно со Директорката, психологот и педагогот организираа мини проект за борба против изостаноци. Одлучено е месец март да биде месец на борба против изостаноци, за што се информирани сите класни раководители и сите ученици. Поставен е и плакат на огласната табла за учениците. Паралелката со најмал број изостаноци и сите ученици без изостаноци на крајот на месецот ќе добијат награден излет кој ќе биде организиран и финансиран од училиштето.
Затоа ученици – борете се за најмал број на изостаноци!
УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА ВО АКЦИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ОТСУСТВАТА
МАРТ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ИЗОСТАНОЦИ
( 1 март – 1 април )
НАГРАДЕН ИЗЛЕТ
ЗА
• ПАРАЛЕЛКА СО НАЈМАЛ БРОЈ НА ИЗОСТАНОЦИ (во месец март)
• УЧЕНИЦИ БЕЗ ИЗОСТАНОЦИ (во месец март)