Семинар организиран од невладината организација ТРЕФПУНКТ


Објавено на: 23.03.2010

Деновиве во период од 16.02 до 19.02 2010 година, во просториите на хотел „Молика“ се одржа Семинар организиран од невладината организација ТРЕФПУНКТ, потпомогнат од германската фондација Konrad-Adenauer. На овој семинар зедоа учество нашите ученички од III година, Бојана Златева и Елена Милошевиќ. 


Trefkunkt_1Во разговор со нив дознавме дека се дел од оваа организација веќе три години и трет пат по ред учествуваат на семинар со ваков едукативаен карактер. Патем ни објаснија дека на семинарот се работело на теми кои денес се мошне актуелни: „Климатски промени, глобално затоплување и ефект на стаклена градина“, „Медиумите и нивното влијание“, „Како да известуваме за климатските промени“, „Вовед во новинарство“, „Пад на економијата–причини и последици“ како и „ Како би го искористиле интернетот за добри цели“. 

Trefkunkt_2Со оглед на фактот дека семинарот траел само четири дена, учесниците имале време само да ги започнат темите. Истото било направено со цел да се поттикнат учесниците индивидуално да ја покренат и да ја дореализираат иницијатива за разработување на темите преку работилници и сесии во сопствените градови и училишта.

Trefkunkt_3Сведоци сме дека нашите ученици не се само со спортски дух, уметничка дарба или музички талент. Некаде помеѓу нив владее и волонтерството како една од карактеристиките што ги води младите кон успешно креирање на личниот и професионалниот профил за нивно поуспешно прилагодување на општеството на кое му припаѓаат.