Образовно рандеву 2010
Објавено на: 07.11.2010
На 30 и 31 октомври, во Прилеп се одржа „Образовно ранедеву 2010“ во организација на МАССУМ (Младинска организација на средни стручни училишта на Македонија) со поддршка на УСАИД, Министерството за образование и наука и Бизнис партнери.
Образовното рандеву е значаен средношколски настан во нашата држава, на кој голем број ученици се натпреваруваат во најразлични категории поврзани со нивниот кариерен развој: интервју за работа, јавен говор, маркетинг план, постер на училиште, видео реклама итн.
Наши ученици редовно учествуваат на овој натпревар, кој традиционално се одржува секоја година, а за првпат беше организирн 2006 година, во Скопје.
На Образовното рандеву 2010, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се пријави да се натпреварува во три категори: јавен говор со ученичката Росана Кочова, интервју за работа со Маја Трајкова. Исто така групно се натпреваруваа учениците: Марина Стојанова, Васко Ѓорѓиев, Маја Кирова и Татјана Негрева, под менторство на проф. Лоска Давчева за најдобар постер на училиште.
На натпреварот во јавнo говорењe ученичката Росана Кочова под менторство на проф. Љубица Станоевска, освои II место, а на натпреварот интервју за работа, ученичката Маја Трајкова, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова освои III место.
Учениците и менторите се вратија задоволни од настапите и од постигнатите резултати со многу повеќе искуства и нови пријателства. Веруваме дека и во иднина со полно ентузијазам ќе успеваат да освојат уште многу награди и признанија во повеќе категории на Образовното рандеву.