Светски ден на борба против СИДА


Објавено на: 01.12.2010

Светскиот ден на борба против СИДА-та 1 Декември, во нашето училиште традиционално се одбележува со одредени  превентивни  активности. Оваа година  под мотото „Дејствувај свесно“ за учениците беше организирана  врсничка едукација, а во улога на пи ер едукатори беа учениците Мартина Ристеска  и Раде Гинев од IV-7, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова.

PrviDekemvri_1    PrviDekemvri_2

Со избор на повеќе корисни информации за моменталните статистички податоци за ХИВ инфицираните и болните од СИДА во Република Македонија, начините на пренесување, начините на заштита, користа од  вистински сознанија испреплетени со корисни превентивни пораки и слогани беше нагласена важноста за грижа за сопственото здравје. Се надеваме дека со ова впечатливо презентирање ќе се придонесе за  зголемувањето на свеста за ризичните облици на однесување и  ќе го одржи и потпомогне развојот на здравиот животен стил.

PrviDekemvri_3     PrviDekemvri_4

Учениците имаа можност да ја погледаат и поставената презентација на  ЛЦД телевизорот во училишниот хол со важни податоци кои младите треба да ги знаат, а и многу повеќе да ги почитуваат.