“Multi via Media” – Проект за зајакнување на меѓуетничката комуникација


Објавено на: 16.12.2010

“Multi via media” е проект којшто ке ја зајакне меѓуетничката комуникација меѓу средношколците од Македонија преку користење мултимедијални алатки. Проектот го спроведува Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија .

 

meguetnicka_komunikacija1

Дел од овој проект беше и нашето училиште. Ученичката Каровска Елена од четврта година беше  учесник во петдневната работилница во Охрид  заедно со уште триесет средношколци со различна етничка припадност од цела Македонија. Во петтдневната работилница во Охрид со предавања и вежби од страна на предавачите средношколците учеа како да изработат мултимедијални продукти по принципот „научи преку работа. Се работеше на теми поврзани со спорт, забава, театар, уметност и културно наследство.

За подобро запознавање на средношколците и на нивните култури и обичаи беа организирани групни излегувања и прошетки низ Охрид како и групно одење на театар.

meguetnicka_komunikacija2

Средношколците со помош на предавачите ја формираа првата Средношколска повеќејазична веб платформа. На веб платформата учениците од целата земја можат да дискутираат и прикачуваат мултимедијални содржини на сопствениот јазик на различни теми. Интернет страницата www.multiviamedia.edu.mk  е отворена и лесно достапна за сите средношколци и тие имаат можност самите да ја дизајнираат преку изработка на мултимедијални продукти.

Главна цел на проектот е да помогне за подобрување на меѓуетничката комуникација меѓу средношколците преку организирање на креативни и забавни активности. Со проектот ќе се подигне свеста кај младите дека тие иако потекуваат од различни заедници, сепак споделуваат заеднички потреби и интереси кои се побројни и позначајни од нештата што ги раздвојуваат.   

“Multi via Media” – Проект  за зајакнување на меѓуетничката комуникација