Саем на книгата 2011


Објавено на: 17.04.2011

Саемот на книгата, претставува најголема концентрација на книжевни дела од домашни и странски автори. 23 Меѓународен саем на книгата се одржа од 12 до 17 април, додека традиционално по 14 пат, во втората хала се одржа и манифестацијата „Денови на образование и кариера“, која траеше од 13 до 15 април.

e_kniga_2011

Поради големиот интерес, во петокот од нашето училиште беше организирана посета на Саемот на книгата. Воедно ја имавме таа привилегија да го посетиме и првиот приватен универзитет ФОН, и да се запознаеме со студиските програми и условите во кои се одвива наставата на универзитетот. Највпечатливa за нас беше интеракцијата професор – студент, а секако и квалитетот на избраниот наставен кадар. Меѓудругото бевме почестени со присуство на ректорот проф. д-р Александар Николовски, менаџерот на ФОН Сефер Цаноски, како и големиот број на високо реномирани декани кои ни посакаа едно големо и топло добредојде. Особено изненадување беше и присуството на популарниот Игор Џамбазов, кој не почести со получасовно дружење. Универзитетот има навистина амбициозни планови за својата иднина, во која на прво место е грижата за секој студент.

saem-na-kniga

Веднаш потоа се упативме кон Скопски саем за да ги разгледаме штандовите на бројните издавачки куќи и високообразовните институции. Најголем интерес предизвикаа најновите изданија од книжевната продукција, светските бестселери, едукативните книги, а не изостана и научната и стручна литература. Љубителите на пишаниот збор со богатиот избор што го понудија ги импресионираа издавачките куќи Три, Ѓурѓа, Матица, Просветно дело, Магор, Феникс и многу други.

e_obrazovanie_2011

По 14 пат средношколците имаа можност да се запознаат со наставните програми на универзитетите, нивните услови за студирање, предности и слабости. Идните студенти се запознаа со понудите за студирање и образовните програми на петте државни и на речиси сите приватни универзитети во Македонија, како и на голем број странски изложувачи. Презентерите беа подготвени да одговорат на сите прашања на заинтересираните посетители. Манифестацијата се организира за да им овозможи на младите луѓе професионално да се насочат и притоа да им го олесни изборот на студии.