Нов успех на полето на литературата и пишаниот збор


Објавено на: 07.05.2011

Во текот на изминатиот месец март, Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје на интересен, компетитивен начин ги привлече идните студенти од македонска, албанска и турска етничка припадност. Имено, беше распишан конкурс за есеј на тема „Заштита и развој на природните богатства во Република Македонија“, на кој учениците ширум средните училишта во Републиката имаа можност да ги изразат своите литературни способности на македонски, албански и турски јазик.

 

BalkanskiUniverzitet_1

По интерната училишна селекција во гимназијата, извршена од страна на професорите по македонски јазик и литература, во конкурсот зедоа учество тројца ученици од четврта година од нашата гимназија. Со овој чекор, на полето на литературата и пишаниот збор, гимназијата „Добри Даскалов“ додаде во долгата низа, уште еден нов успех. Ученичката од IV- 2, Невенка Ридова, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Кочо Кочов, на споменатиот литературен конкурс го освои второто место за есеј на македонски јазик, рангирана со 96 поени.

BalkanskiUniverzitet_2

Доделувањето на наградите за ученикот и за училиштето, која ù беше врачена на нашата директорка, Невенка Поп-Ангелова, се одржа на 7.05. 2010 год. (сабота) во ректоратот на Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје. Наградите ги доделија ректорот и проректорите на Универзитетот, пожелувајќи ù многу наредни успеси на гимназијата, искрено мотивирани за понатамошна соработка со нашето училиште.

BalkanskiUniverzitet_3

Гимназијата „Добри Даскалов“ уште еднаш ја истакна традиционалната соработка меѓу учениците и професорите, која секогаш резултира со успеси. Искрено им честитаме на нашите ученици и професори и се надеваме дека овој настан ќе биде пример и мотивација за остварување на уште повисоки резултати на секое поле во иднина.