Премиера на театарската претстава „Сомнително лице“


Објавено на: 11.05.2011

Во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во средата на 11.05.2011 година, се случи уште една премиера на театарската претстава, подготвена од ученици од нашето училиште.

Комедијата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ ја режираа учениците Бобан Илевски и Крсте Трифунов. Актери во театарската претстава беа: Бобан Илиевски, Крсте Трифунов, Тијана Дукова, Милица Наумова, Ангела Андонова, Драган Клинчаров, Трајанка Мицковска, Диме Атанасков, Митко Ристов, Анастасија Еленова, Трајче Мајсторов и Ристе Златевски, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Анета Миховска-Гаврилов.

somnitelno_licee

Театарската претставата „Сомнително лице“ е една од најизведуваните претстави во театрите во нашата држава и пошироко. Драма што на комичен начин ги прикажува термитите кои од ден на ден ги јадат темелите на општеството и едноставно иднината на младите. Мрзеливи и неспособни чиновници кои своите одлики ги добиваат со сушење и чување на чорапите и долниот веш во фасциклите наменети за ЗНАЧАЈНИ СЛУЧАИ, жедно сонуваат за поголем углед и повисока функиција, но за да го убијат времето си ставаат игли и клинци на столовите еден на друг, трети пак доаѓаат во пијана состојба за да ја извршуваат својата должност.

Публиката во салата на Домот на културата имаше можност да ужива во прекрасната изведба на претставата. Огромниот аплауз беше само доказ дека актерите одлично се снајдоа во своите улоги.

На 12.05.2011 г., претставата повторно се изведе пред осмоодделенците од основните училишта.

Критиките за претставата беа позитивни. Одѕивот покажа дека кавадаречката публика знае да ја цени и почитува уметноста. Трудот на учениците заедно со менторот ќе остане забележан и ќе биде поттик за нови освојувања во просторот на театарската уметност.

Плакат тука

Повеќе слики тука