Невенка Ридова – ученик на генерацијата 2007/2011


Објавено на: 16.08.2011

По иницијатива на директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова, а прифатено од учениците и Наставничкиот колегиум оваа година за првпат беше избран ученик на генерацијата, со тенденција во иднина да стане традиција на училиштето.

 

UcenikGeneracija1

Оваа награда и беше доделена на ученичката Невенка Ридова која во изминатото континуирано четиригодишно образование покажа одлични резултати како во училиштето, така и во Републиката и надвор од неа на многубројните натпревари, семинари, обуки итн.

На свеченото доделување на дипломите директорката на училиштето и врачи рачен часовник со посвета за сеќавање од гимназиските денови.

UcenikGeneracija2

Невенка Ридова е ученичка со која ова училиште ќе се гордее. Нејзиното знаење, ентузијазмот, и одговорност треба да послужат како пример за идните генерации ученици, дека со одговорна работа успехот е неминовен.