Презентација на еко модели во Охрид


Објавено на: 05.10.2011

На 27 и 28.09.2011 година во Охрид се одржа презентација на дел од моделите од ,,Trash Fashion“ натпреварот кој беше одржан на 26.05.2011 година во Скопје, како дел од програмата ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

По покана од Швајцарската амбасада во Скопје беа претставени само 15 модели, а покрај учесниците, нивните ментори и координатори на проектот, тимот на ОХО и МОН, како почесни гости беа присутни претставници на Швајцарската агенција за развој и соработка од државите во регионот и амбасадори на истите. Тоа беше една Интернационална и Регионална средба на којашто беше чест и задоволство да се учествува.

Ekomoda2011_1

Нашето училиште СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” учествуваше со два модела и тоа ,,Едесас-Елеонора“ кој го претстави ученичката Елена Михајлова од III-5 клас и моделот ,,Паун-Лора“ претставен од Велика Темова од III-4 клас. Ментор на моделите е проф. по ликовна уметност Гоце Јосифов, а координатор на проектот проф. по биологија Богде Коцева.

Гостите и организаторите беа пријатно изненадени и воодушевени од креативноста и идеите на учениците – учесници на оваа презентација.

Ekomoda2011_2

За учеството на оваа презентација Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО од Скопје организираа сместување и превоз за сите учесници до Охрид и назад.

Учесниците беа поделени во три групи-зависно од моделите, додека настапот беше организиран во хотел „Ројал“ во Охрид, каде што имаше и коктел.

Ekomoda2011_3

На 27.09.2011 година, веднаш по пристигнувањето во хотелот ,,Климетица” беше одржан заеднички координативен состанок со сите учесници и претставниците на ОХО и МОН. На презентацијата беа поделени каталози од сите модели кои учествуваа на натпреварот ,,Trash Fashion“ во Скопје и матерјали од програмата ,,Еко- училиште“.

Последниот ден 28.09.2011 година, на наше задоволство организаторите ги удостоија сите учесници на модната ревија со организирана посета на ,,Музејот на коските“.