Државен натпревар по прва помош


Објавено на: 05.10.2011

Државниот натпревар по прва помош и заштита оваа година се одржа на 10 септември 2011 година, во Куманово.

Prva_pomos_2011_1

Нашето училиште го претставуваа ученичките: Моника Петковска III-2, Велика Темова III-4, Софија Ристова III-2, Илинка Ставрова III-2, Ивона Рамнешова III-6 и Наталија Јошева III-6. Учениците максимално се потрудија да се збогатат со трајни знаења и вештини по прва помош, под менторство на проф. Александар Јорданов, и со обука подготвена од д-р Ратко Грков и д-р Тони Јованов.

Prva_pomos_2011_2

На сите учесници им беа доделени Дипломи за учество. Додека за останатите ученици од училиштето и годинава ќе се организираат предвидените предавања по прва помош и заштита.