Учество на традиционалниот крос „НЕ на наркотиците“ во Сандански Р. Бугарија


Објавено на: 06.10.2011

Нашето училиште повторно и оваа година учествуваше на традиционалниот крос „Не на наркотиците“ во Сандански Р. Бугарија, што се одржа на 01.10 2011 година (сабота).

Оваа спортска манифестација се реализира по XVI пат, со цел учениците преку дружење, уметност и спорт да се запознаат и заштитат од штетните влијанија на наркотиците. Присутни гости – учесници имаше од Македонија, Бугарија и Германија.

Ne_za_narkoticite_1

Во составот на тимот ученици што го претставија нашето училиште беа: Гоце Димов III-5, Неда Волчева III-3, Фиданка Василева IV-4 и Никола Тасев II-4, предводени од наставниците-ментори: проф. по спорт и спортски активности Блаже Велков и проф. по економски предмети Костадинчо Петров.

Ne_za_narkoticite_2

Програмата опфати трка на 1200 метри, возење велосипед на 7700 метри и ликовна колонија. Нашите ученици учествуваа во трката, каде што ученичката Волчева Неда освои III место, во женска конкуренција на 1200 метри.

Ne_za_narkoticite_3

Неда Волчева ги искажа своите доживувања за време на натпреварот. Горда е и среќна, затоа што го прикажа училиштето во најдобро можно светло и ја претстави Македонија надвор од нејзините граници.

Стекнатите нови пријателства, нови искуства и нови знаења ги мотивираа и ги поттикнаа нашите ученици идната година да се претстават во уште подобро светло.