Сликање на тема „Есен“ по повод Недела на детето


Објавено на: 06.10.2011

По повод Недела на детето, на 05.10.2011 година (среда) со почеток во 10:00 часот на спортските терени на гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, се реализираше перформанс – сликање со креди во боја и темперни бои на тема: „Есен“.

SlikanjeEsen_1

SlikanjeEsen_2

Учесници на оваа ликовна активност беа најмалите – децата од сите детски градински од нашиот град заедно, со учениците од II (втора) година од гимназијата, под менторство на проф. по ликовна уметност Гоце Јосифов.

SlikanjeEsen_3

SlikanjeEsen_4