VI Меѓународен Балкански конгрес за образование и наука


Објавено на: 10.10.2011

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија заедно со Педагошкиот факултет при Тракискиот универзитет во Едирне, Република Турција и Педагошкиот факултет при Тракискиот универзитет во Стара Загора, Република Бугарија, го оргинизираа VI Меѓународен Балкански конгрес за образоваиние и наука. Конгресот се одржа на 30 септември и 1 октомври, 2011 година во Конгрес центарот во Охрид.

Г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, директор при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци заедно со д-р.Зоран Здравев, раководите при Центарот за е-учење, Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип успешно се претставија со труд на тема „Воведување на ИКТ во наставниот процес – успешна приказна од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци“.

Во трудот се опфатени целините:

  • Состојба во Гимназијата со примената на ИКТ во наставниот процес пред 2000 година;
  • Реализирани проекти во периодот 2000 – 2010 година;
  • Воведување на систем за е-учење;
  • Резултати од реализација на проектот (jуни 2011)
  • Заклучок.

Во трудот се нагласи целта на експерименталното и незадолжително воведувањето на системот за е-учење Moodle во Гимназијата, од страна на група наставници – ентузијасти како чин којшто ќе го придвижи нашето училиште напред, со побрзо темпо кон реализирање на поквалитетна настава. Така, учениците во интерес на својот понатамошен професионален развој ќе се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции на нов, креативен и поефективен начин.

Очекувани резултати од реализацијата на проектот се: подобрување на квалитетот на наставата; зголемување на мотивираноста на учениците; зголемување на интересот на учениците за наставата и во обработката на новите наставни единици и при повторување на претходно наученото; зголемување на креативноста и на наставниците и на учениците; архивирање на база на знаења и база на податоци и многу поедноставеното менаџирање со истите.

VI     
 
 
     
 :    

30     
 
 1      
, 2011

,  
          –