Хуманитарна акција во собирање на облека


Објавено на: 02.02.2012

Учениците од СОУ Гимн. „Добри Даскалов“ во соработка со Црвен Крст Кавадарци, организира хуманитарна акција во собирање на облека за луѓето кои се социјално загрозени и на кои им е неопходна истата. Оваа акција се организира како дел од проектот на Црвен Крст Кавадарци ЦКА-ПХВ, односно Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности. Независно од датумот кој стои на плакатот заинтересираните може да донесат облека до следниот петок, односно до 10.02.2012 г. во просториите на гимназијата.

Покажете ја вашата хумана страна и помогнете.
Ви благодариме однапред.

Со почит, организаторите на хуманитарната акција.

HumanitarnaAkicijaPlakat