Државен натпревар во скијање


Објавено на: 25.02.2012

По повеќе годишна пауза, скијањето повторно се вклучи во кругот на училишни спортови. На 24. февруари 2012 година, на Пелистер на патеката Копанки се одржа Државното првенство за учениците од сите основни и средни училишта.

Pelister_-_skijanje_1

Стотина ученици се обидоа да ги покажат своите вештини во скијање, во дисциплината велеслалом. Меѓу нив имаше и осуммина кавадарчани, од кои шестмина беа од гимназијата „Добри Даскалов“.

Pelister_-_skijanje_2

Иако конкуренцијата беше доста силна, нашите претсавници успеаа да се искачат на достојно место на табелата. Ученикот Ефтимчо Трифунов го освои 7. место, додека Валентина Колева се избори за 6. место. Одлични успеси имаа и Крсте Тодоров, Васко Колев, Бојан Каров и Цветанка Трифунова.

Pelister_-_skijanje_3

Секако, се надеваме дека оваа манифестација традиционално ќе се одржува секоја година и ќе претставува стимул за многу идни дружења и забави кои може да ги   понуди само белиот спорт на ски – патеките.

Pelister_-_skijanje_4Повеќе фотографии во Галерија или директно тука