Делегација на општина Едеса (Воден) во посета на гимназијата Добри Даскалов


Објавено на: 13.03.2012

Делегација составена од директори на средните училишта, а предводена од Василис Кириаку, директор на секторот за туризам на Едеса, ја посетија гимназијата Добри Даскалов и остварија значајна средба со директорката г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, која беше и иницијатор за проширување на соработката на полето на образованието. Имено Локалната самоуправа на град Кавадарци, има повекегодишна успешна соработка со општина Едеса и има реализирано неколку успешни проекти, но во интерес на двете страни би било соработката да продолжи и на полето на образованието како најзначаен сегмент во создавањето на млади личности подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи новото време.

Gosti_Edesa_1

Поп-Ангелова со гордост го претстави училиштето, потпирајки се на традицијата, но зборуваше и за осовременувањето на наставата, компјутеризацијата, е-дневникот, новите форми и методи во водењето на наставниот процес, кои секако резултираат со големи успеси и награди на државни и меѓународни натпревари.

 

Gosti_Edesa_2

Покрај размената на идеи, искуства и конкретни предлози за заеднички проекти гостите од Едеса го разгледаа училиштето и беа воодушевени од условите за работа, големиот број на ученици и нивната ангажираност во воннаставните активности.

Денес кога знаењето е најважниот ресурс на современата цивилизација, нашето училиште цврсто чекори напред, ја шири својата мисија, не признава никакви бариери, отворено е за соработка во сите сфери:спорт, музика, култура …

Соработката со училиштата од Едеса би била извонредна можност за зближување на двете култури и создавање искрени пријателства меѓу учениците од овие две соседни општини.

Gosti_Edesa_3