21 март-денот на екологијата обележан со бројни активности
Објавено на: 26.03.2012
Денот на екологијата, 21 март со бројни активности се обележа и во нашето училиште, за зајакнување на еколошката свест кај учениците и создавање навики за чиста и здрава животна средина.
Учениците го искористија првото пролетно сонце во собирање отпадоци, чистење на училиштниот двор и околните улици, а дел од учениците се погрижија за хортикултурното уредување на дворот засадувајќи цвеќе и иглолисни садници.
Интерес кај учениците предизвика садењето на честитки изработени од рециклирана хартија и семиња од различни цвеќиња. Љубопитноста секојдневно расте очекувајки што ќе изникне од местото каде што ги поставија честитките и кој ќе биде резултатот од овој еко-експеримент.
Оваа акција за чистење и разубавување на животната средина се одвива традиционално секоја година на првиот пролетен ден. Учениците од нашата гимназија водени од мотото „Чиста и здрава средина-долг и квалитетен живот” секогаш се подготвени за ваков вид акции, да дејствуваат во будењето на еколошката свест кај сите луѓе, со цел да се создадат поквалитетни услови за живот за нив и за генерациите што доаѓаат.
Повеќе фотографии во Галерија или директно тука