„Чорбаџи Теодос” пред кавадаречката публика


Објавено на: 26.04.2012

На 25.04.2012 год.(среда) во 19 часот,во преполната сала на Домот на културата”Иван Мазов-Климе” во Кавадарци се одржа премиера на театарската претстава “Чорбаџи Теодос”од Васил Иљоски.Во театарската претстава учествуваа ученици од драмската секција во гимназијата”Добри Даскалов” под менторство на професорката по македонски јазик и литература Васка Петкова.

Pretstava_26-4-2012_1

 

Понесени од желбата да се подготви проект од масовен карактер, учениците од драмската секција го прифатија предизвикот да се постави на сцената една од најинтересните и најубавите драми во македонската литература”Чорбаџи Теодос”.Инспирацијата на драмата- анегдотата за присилното кумство, на достоинствен начин беше оживеана и претставена од страна на учесниците.

 

Pretstava_26-4-2012_2

Присутните во салата со воодушевување и смеа го поздравија судирот меѓу двата спротиставени света-светот на чорбаџиите и светот на Циганите.Ученикот од втора година ,Ангел Спанџев ,го прикажа ликот на чорбаџи Теодос ставајќи акцент на неговите нагласени особини –деспотизмот,арогантноста,лихварството,педантноста и точноста.Плашејќи се да не се зарази од нешто тој всушност покажа дека се плаши да се зарази од човештина.Токму човештината во салата ја внесе песната и играта на Циганите.Живеејќи со девизата”животот е како огледало:насмеј му се,ќе ти се насмее,намурти му се ,ќе ти се намурти”,учениците кои ги толкуваа улогите на Циганите до солзи ја насмеаја публиката во салата.Драмата изобилуваше со многу битови и социјални елементи кои учениците се потрудија веродостојно да ги прикажат.

Pretstava_26-4-2012_3

Театарската престава “Чорбаџи Теодос” е уште еден успешен проект на учениците во гимназијата”Добри Даскалов”од Кавадарци ,кој долго ќе се памети и за кој долго ќе се зборува.

Pretstava_26-4-2012_5

Повеќе фотографии во Галерија или директно тука