Ученици од нашата гимназија во посета на Угљевик
Објавено на: 08.05.2012
На покана од директорката на средното училиште „Михаило Петровик-Алас“, г-ѓа Драгана Томиќ,ученици од нашата гимназија го посетија Угљевик и заеднички го одбележаа Денот на училиштето 6-ти мај.
По десетчасовно патување на 4-ти мај, во претпладневните часови пристигнавме во Угљевик и по средбата со директорката,вработенитaе во училиштето,претставници од Локалната самоуправа на Угљевик,директорот на Домот на културата се упативме да го проследиме отварањето на изложбата и културно-уметничката програма.
Бевме пријатно изненадени од интерпретацијата на „Македонско девојче“ и драматизацијата „Стојан и Лилјана“а потоа следуваше попздравен говор,а од наша страна, искрени честитки со желби за понатамошна успешна соработка.
Следниот ден беше резервиран за спортски активности во кои зедоа учество ученици од нашата гимназија и тоа во мал фудбал,кошарка,одбојка и пинг-понг.
Како одлични домаќини се покажаа и со беспрекорната организација во разгледувањето на културно-историските знаменитости во околината посетувајќи го манастирот Тавна кој датира од XIII век,Етно селото Станишиќ и Тршиќ-родното село на Вук Караџиќ.
Посебно ке им остане во секавање на учениците планинарењето по тесната патека која води до конакот Милица кaде беше организирана вечера на врвот на планината.
Ентериерот во етно стил, под отворено небо со неповторливата глетка на недопрената природа,традиционалната храна се нешто што не може да се опише,треба само да се доживее.
Учениците воодушевени од гостопримството и импресионирани од околните посети,следниот ден се разделија од своите домаќини-ученици од Углевик со желби за што побрзо видување и продолжување на другарството и добрата забава.
Им се заблагодаривме на сите за топлото добредојде,срдечниот прием,на незаборавните моменти и ги поканивме да бидат наши гости за достојно да им го претставиме нашето училиште,градот Кавадарци,Тиквешкиот регион и нашата земја воопшто.