Ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ на прием кај Претседателот на Денот на независноста


Објавено на: 13.09.2012

Учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ постојано нижат успеси на сите полиња,постигнуваат високи резултати на државната матура,наградувани се и на врвот на сите државни и меѓународни натпревари.Нашето училиште и нашиот град се гордеат со нив, но се гордее и нашата земја со ученици кои со знаење го освојуваат светот.

Poseta_na_Pretsedatelot_1

Големиот број награди, учеството на повеќе манифестации и хуманитарни активности беа повод за организиран прием кај Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов на Денот на независноста – 8-ми септември.

Наградените дваесетина ученици во изминатата учебна година беа дел од церемонијата на менување на знамето со сите воени почести и остварија едночасовна средба со Претседателот во резиденцијата подарувајќи му уметничка слика за сеќавање на оваа средба.

Poseta_na_Pretsedatelot_2

Директорката на гимназијата Невенка Поп – Ангелова ги претстави наградените ученици, зборуваше за успесите на учениците и многубројните активности што се реализираат во нашето училиште.

Poseta_na_Pretsedatelot_3

Претседателот со гордост истакна дека и нашата држава се гордее со нив и им посака да продолжат со нивната едукација, да нижат успеси бидејќи со знаење и постојано надградување се оди напред и се остваруваат зацртаните цели.

Poseta_na_Pretsedatelot_4