Видео проект по француски јазик во чест на Тоше Проески


Објавено на: 17.10.2012

Во чест на петгодишнината од загинувањето на големиот уметник и хуманист Тоше Проески, неколку ученици од Гимназијата изработија проект на француски јазик за неговиот живот и дело. Проектот е под менторство на Светлана Несторова-Мицев, професор по француски јазик.

Тројцата ученици Марија Михајлова, Катерина Милошева и Ангел Спанџев, од III-2 клас, имаа за цел повторно да се почувствува духот и значењето на Тоше Проески и да се вратат спомените преку неговите песни. Проектот ја покажа почитта и болката за прерано згаснатата ѕвезда.

Во холот на Гимназијата на 16.10.2012 г. преку проектот оживеа ангелскиот глас на Тоше, а учениците во еден глас ги испеаа неговите хитови потврдувајќи дека никогаш не го заборавиле.

{qtube vid:=7F9RhBtlYzc}