Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет
Објавено на: 16.11.2012
По повод светскиот „Ден на акција“ на 07.11.2012 година (среда) нашето училиште беше вклучено во активностите каде што училиштата и градинките од целиот свет превземаат еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет.
Оваа активност е организирана од интернационалната програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ), Здружението на граѓани ОХО како национален координатор на програмата Еко-училиште во соработка со МОН како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Членовите на еко-одборот заедно со учениците под менторство на проф. по биологија Богде Коцева – училиштен координатор на програмата, Јасминка Ризова – педагог и проф. по ликовна уметност Горан Боев организираа и спроведоа низа креативни еколошки акции.
На ЛЦД ТВ во холот на училиштето се прикажаа видео записи кои имаа за цел да ја подигнат свеста кај луѓето за зачувување на животната средина, а беа изработени од Катерина Милошева и Марија Михајлова ученички од III-2 клас и Марјан Атанасов и Никола Соколов ученици од III-4 клас.
Во холот на училиштето имаше ликовна изложба на цртежи од учениците на тема чиста и загадена животна средина.
Исто така, се исчисти и училиштниот двор од исушените и отпаднати листови и се бојадиса дел од училиштната ограда со зелена боја.
Се посадија и цвеќиња во училишниот двор кои допринесоа за поубав изглед на истиот.
Со оваа акција уште еднаш покажавме дека гимназијата секогаш ги поддржува ваквите акции и активно се вклучува во нивна реализација.
Ние и понатаму ќе се грижиме за природата и ќе придонесуваме за нејзино зачувување и обновување.