Ученици од Гимназијата во Троген – Швајцарија


Објавено на: 20.03.2013

Ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ со менторот проф. по англиски јазик Донка Лалкова во периодот од 11.03.2013 година до 29.03.2013 година престојуваат во Троген – Швајцарија како интеркултурна размена во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ кој го спроведува коалицијата на младински организации СЕГА, а е финансиран од Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

Покрај учеството во многу работилници учениците ќе се здобијат и со многу знаења, ќе разменат искуства, но во истовреме ќе ги запознаат природните убавини на Швајцарија.

Им посакуваме пријатен престој во Швајцарија и се надеваме дека учениците ќе се вратат полни со енергија и желба за постигнување подобри резултати, а стекнатото искуство искуство ќе го споделат со останатите ученици.

Trogen Svajcarija mart 2013