Одбележан денот на пролетта


Објавено на: 21.03.2013

И покрај врнежите од дожд, учениците членови на еко-одборот успешно го одбележаа 21 Март, денот на пролетта.

Денот започна со активности за чистење и фрлање на непотребниот отпад од училишниот двор. По успешно завршената акција учениците продолжија со засадување на цвеќиња кои ќе го разубават училишниот двор.

20130321 153057 1

 

 

Се реализираа и неколку активности преку кои учениците во двете смени можеа да прочитаат еко-пораки и да видат фотографии кои беа изложени на паното во училишниот хол. Пораките имаа за цел да се подигне еколошката свест кај учениците и да се одржува чиста и здрава животна средина.

20130321 153011 2

20130321 153228 2

Исто така, во холот во училиштето на LCD телевизорот беше прикажана презентација изработена од ученици на тема: „Одбележување на денот на пролетта“.

Се надеваме дека овие акции во иднина ќе бидат помасовни и дека нема да се спроведуваат само на позначајни датуми, туку ќе бидат дел од секојдневието на учениците.

20130321 155402 10

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк