Успеси на кошаркарските натпревари на нашите ученици


Објавено на: 01.04.2013

Како и секоја година, нашето училиште и овјопат постигна големи успеси на општинските, регионалните и државните натпревари по кошарка. Под водство на професорот по спорт и спортски активности Тимче Пецов нашиот кошаркарски тим успеа да биде еден од најдобро-пласираните средношколски тимови во регионот и државата. На општинскиот натпревар во Кавадарци, на 01.03.2013 г. се натпреваруваа 3 тимови од трите средни училишта во нашиот град.

Natrp kosarka  mart2013

Тимот на нашата гимназија го освои првото место, со што обезбеди учество на регионалниот натпревар во Гостивар. Овде, на 05.03.2013 г. се натпреваруваа 6 екипи од градовите од западниот регион на Македонија: Битола, Гостивар, Неготино, Струга, Кичево и Кавадарци. Само прво и второ пласираните тимови обезбедија учество на државниот натпревар во Струмица. Кошаркарскиот тим од нашата гимназија и овојпат, со освоено прво место се подготви за финалниот турнир со многу потешка конкуренција. Државниот финален турнир се одржа во Струмица, од 21 до 23 март, 2103 год. Во него земаа учество: домашниот тим на Струмица, двата тима на Скопје, тимот на Кочани, Кавадарци и Битола. И покрај големата конкуренција нашите ученици покажаа силна борбеност и ентузијазам. Во борбата за трето место успеаа да го победат тимот на гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани. Нашиот кошаркарски тим со овие успеси продолжи една долгогодишна традиција на успех. Уште еднаш се докажа дека нашата гимназија е расадник на млади таленти од повеќе области на спортот.