Осовоени награди на XXV Државен натпревар по македонски јазик и литература


Објавено на: 06.06.2013

На 02.06.2013 година во Институтот за македонски јазик и литература во Скопје, им беа доделени наградите на наградените ученици и ментори од одржаниот XXV Државен натпревар по македонски јазик и литература. Нашите ученици и ментори постигнаа високи резултати и ги освоија следниве награди:

Ученичката Елица Петрезанова од III година, под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои второто место од областа јазик на наградниот конкурс  “Ацо Караманов, а ученичката Цветанка Сапунџиева од III година, исто така под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои второто место од областа – литература на наградниот конкурс Ацо Караманов.

Drzaven natprevar makedonski

Ученикот Душко Клинчаров од II година, под менторство на професорката Катица Манева го освои третото место во рецитаторскиот дел од  натпреварот.

Ученикот Ѓорѓи Досев од III година, под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои шестото место на тестовите по знаење.

Учениците и менторите добија дипломи, пофалници и книги, а наградените ученици добија и парични средства доделени од општина Радовиш, која е покровител на Карамановата награда.