Одбележан Меѓународниот ден за садење дрвја


Објавено на: 19.09.2013

На 19 септември оваа година во училишниот двор учениците од прва година земаа активно учество во еколошката програма – ENO Tree planting day.

Оваа активност претставува меѓународна програма за засадување и зголемување на бројот на растенија – дрвја низ целиот свет, со цел да се засадат 100 милиони дрвја до 2017 година.

Фотографија1090

Учениците засадија неколку садници од бор и туи, со што се вклучија во овогодинешната акција под мотото „Кога садиме се радуваме и озеленуваме“.

Акцијата беше под менторство на професорите по биологија, а со потполна поддршка на директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова.

Фотографија1094

Фотографија1097