Избран Претседателот на Младинската/Ученичката заедница
Објавено на: 29.10.2013
На 29.10.2013 година (среда) во кино салата на училиштето беше одржана втората седница на Собранието на Младинската/Ученичката заедница.
Седницата беше со дневен ред избор на Претседател, заменик претседател и секретар на Младинската/Ученичка заедница.
Покрај членовите на Собранието присуствуваа и стручната служба на училиштето и претставникот од Невладината Организација ЗОНА Кавадарци. Седницата ја водеше Милче Митрева ученичка од IV-3 клас.
На распишаниот конкурс за Претседател се пријавија тројца кандидати, и тоа: Зорица Ташева ученичка од IV-1 клас, Јован Мешков ученик од IV-3 клас и Марија Оџаклиевска ученичка од IV-3 клас.
Тројцата кандидати најпрво пред присутните ја презентираа својата програма за работа на Младинската/Ученичката заедница. Потоа, сите претставници на Собранието тајно гласаа за еден од кандидатите. Пребројувањето на гласовите беше највозбудливиот момент за учениците.
Најмногу гласови освои Зорица Ташева ученичка од IV-1 клас којашто беше избрана за Претседател на Младинската/Ученичката заедница, потоа Јован Мешков ученик од IV-3 клас којшто беше избран за заменик претседател и Марија Оџаклиевска ученичка од IV-3 клас којашто беше избрана за секретар на Младинската/Ученичката заедница.
На сите членови на Младинската/Ученичката заедница Директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова им честита и им посака успешна работа, богата соработка и несебична поддршка на сите иницирани активности од нивна страна. Еден од првите настани иницирани од страна на Младинската/Ученичката заедница е оргaнизацијата за ноќ на вештерките на спортските терени на гимназијата.